Кандидатот за претседател Стево Пендаровски синоќа беше меѓу граѓаните на општина Центар од кои побара поддршка на изборите во првиот и во вториот круг за државата да продолжи по вистинскиот пат.
Одговарајќи на прашање од публиката, Пендаровски истакна дека се согласува со неговата противканидатката од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова дека таа можела да направи сѐ што тој не направил.
„Може ќе ве изненади одговорот, јас се согласувам со неа. Јас никогаш не сум го кочел патот на Македонија кон Европа, таа ќе го кочи. Јас никогаш не сум ги нарушил меѓуетничките односи и мирот во државата, таа ќе го направи тоа. Јас никогаш не сум ветил дека ќе амнестирам насилници од 27 април, таа ќе го направи тоа“ порача Пендаровски.
Осврнувајќи се на анкетите, Пендаровски пред присутните порача дека тој ги знае сите анкети и оние лажните и реални и дека според сѐ, тој ќе биде победникот на 8 мај.
„Јас ги знам сите анкети. И знам кои се лажни, тоа се најчесто оние што ги продуцира најголемата опозициона партија и ги знам оние кои се реални. И најреално ви кажувам дека ние сме победници на 8 мај“ истакна Пендаровски.
Moжеби ќе ве интересира: