Хрватскиот пејач Петар Грашо на 7 мај одржа акустичен концерт во својот град Сплит, по повод прославата на Свети Дује – заштитник на градот. Со оглед на околностите и мерките поврзани со Ковид-19, концертот е одржан на празниот Перистил, во близина на Диоклецијановата палата, што на целиот амбиент му дава ретко видена, посебна убавина.
Уживајте во полачасовниот концерт на Петар Грашо: