Фудбалерите на Превалец по минатонеделниот пораз од Борец им се вратија на победите. Составот на Ултрас си замина од велешката населба Превалец со осум погодоци во мрежата и загубија со 8:1.
За Превалец хет трик постигна Антонио Чоков, два гола постигна Ангел Гаштев, а стрелаа уште Живко Ѓорѓиевски, Давид Спиридонов и Филип Драскачев. За гостите единствениот погодок го постигна Даниел Богоевски.
По 18 одиграни кола Превалец се наоѓа на третата позиција на табелата со 33 бода, шест помалку од лидерот Борец. Во следното коло Превалец гостува во Градско кај екипата на Локомотива.
Moжеби ќе ве интересира: