Фудбалерите на Превалец дојдоа и до втората победа во Третата фудбалска лига Југ. Со двата гола на Пеце Стојанов, и по еден на Љупчо Донев и Кристијан Маневски Превалец го совлада Младост од Кривогаштани со резултат 4:2.
Домаќините беа подобар противник во текот на целиот натпревар, но неефикасноста во клучните моменти ги остави гостите само со два гола во мрежата на полувреме. Во вториот дел Пеце Стојанов во 50 минута зголеми на 3:0, а гостите преку Дарко Чапкуноски и Николче Папучкоски од пенал го ублажат поразот.
Содржината продолжува под рекламата
Во наредното коло фудбалерите на Превалец гостуваат кај екипата на Обршани, која денес поразена од екипата на Росоман со 3:0.
Можеби ќе ве интересира: