Фудбалерите на Превалец со 5:0 ја декласираше екипата на Питу Гули од Крушево во рамките на 15 коло од 3 лига Југ. Гостинската мрежа првпат се затресе во 39 минута а стрелец беше Антонио Чоков.
Во вториот дел продолжија нападите на домашните. Решавачки за натпреварот беа головите на Стојанов во 67 минута, и Маневски во 69 минута.
Тука како да се распаднаа и гостите. Тие како одвај да чекаа да заврши натпреварот. Како резултат на тоа домаќините само ја наполнија нивната мрежа. Крстев во 78 и со вториот гол на Стојанов во 85 минута го постигна конечниот резултат.
Можеби ќе ве интересира: