Вчера се одигра 18 коло од 3 лига Југ, кое беше одложено во неделата поради обилните врнежи од снег. Во Превалец истоимената екипа ја пречека екипата на Иленден од Башино село.
Гостите беа испратени со шест погодоци во својата мрежа. Мечот го одбележа хет трикот на Пеце Стојановски. Стрелци на останатите голови беа Давитков, Ѓоргиевски и Јовев.
Погледнете ги головите од овој натпревар.
На останатите натпревари се постигнаа следните резултати.
Дојранско езеро – Марена 7 : 0
Младост Кривогаштани – Обршани 0 : 1
Превалец – Илинден 6 : 0
Динамо – Вардар Неготино 0 : 6
Братство – Големо Коњари 3 : 0
Младост Удово – Локомотива 0 : 1
Напредок – Питу Гули 2 : 4
Црнилиште слободен
На табелата лидер е Локомотива со 38 бода, Црнилиште е втор со 37 бода, а трет е Превалец со 34 бода.
Можеби ќе ве интересира: