Прв пораз за фудбалерките на Борец во новото првенство. Денес на стадионот „Зоран Паунов“ во Велес, беа поразени од екипата на Тиверија од Струмица со резултат 2:3.
Гостинките подобро го отворија натпреварот, ја контролираа играта, а велешанки чекаа шанса од противнапади. Првата посериозна шанса за гол гостинките ја имаа преку Јанков, но стативата беше сојузник на Арсова.
Содржината продолжува под рекламата
Истата фудбалерка во 36 минута постигна ефектен гол со кој го отвори резултатот. Велешанки тој гол како да ги демотивираше, па по три минути, во 39 минута, при едно лошо исфрлање на топката на одбраната на Борец, гостинките преку Николовска го зголемија водството на 0:2. И кога се очекуваше крај на првиот дел, една грешка на одбраната на Тиверија ја искористи Перчинкова која асистираше на Максимовиќ за 1:2. Веќе во следниот напад гостинките го зголемија водството, одново преку Јанков.
Содржината продолжува под рекламата
Во вториот дел велешанки заиграа поофанзивно, но се што успеаја да направат е да намалат на 2:3, преку Батиниќ во 73 минута.
Можеби ќе ве интересира: