Фудбалерките на Борец конечно победија на домашен терен. Во рамките на 10 коло од Првата женска фудбалска лига тие беа подобри од екипата на Ас Јунајтед од Струга со 2:0.
Во првиот дел видовме претпазлива игра од обете страни. Единствено за одбележување беше ударот на Батиниќ кога голманката Речи едвај исфрли во корнер. Во вториот дел велешанки ја презедоа контролата на играта, но нивните напади беа јалови.
Содржината продолжува под рекламата
Резултатот беше отворен во 66 минута кога по едно нафрлување, топката дојде до Шемсовиќ која асистираше до Батиниќ, а таа го погоди долниот лев агол од голот за 1:0 за Борец. Во 78 минута во шеснаесетникот на гостинките најдобро се снајде Максимовиќ за конечни 2:0
Содржината продолжува под рекламата
Во наредното последно коло од есенскиот дел на првенството фудбалерките на Борец гостуваат во Скопје, кај екипата на Скопје 2014 која е лидер на табелата.
Можеби ќе ве интересира: