(ВИДЕО) Само вчера во Велес полицијата фати 40 пијани возачи

Полицијата фати и санкционираше 40 пијани возачи, а напиша и 61 казна за возачи кои возеле пребрзо низ улиците на Велес. Акцијата, која во рамките на „Летната кампања 2021“ на МВР и РСБСП, се одвиваше вчера и денеска во Велес и велешко, но и низ целата земја, има за цел да ја зголеми безбедноста на сообраќајот на патиштата, особено во летниот период од годината и подигање на свеста за влијанието на заморот на способноста на возачите, но и за последиците што можат да настанат од пребрзото возење и управувањето возило под дејство на алкохол.

Zito akcija 640x289px

Портпаролот на МВР Тони Ангеловски потенцира дека по спроведувањето на овие превентивни и репресивни акции има сериозно намалување на бројката на жртви на патиштата овој месец споредено со август во минатите години. 2020 беше година со најмал број на жртви, но тенденцијата е овој број и оваа година да се намалува.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

“Им благодарам на граѓаните што ги почитуваат сообраќајните прописи и така придонесуваат за побезбедни патишта. Особена благодарност до полициските службеници, кои и во периодите на пеколни горештини, на температури над 40 степени, посветено работеа и работат на целта да обезбедиме што е можно побезбедни патишта. Токму летниот период во годините наназад е период со најмногу жртви на патиштата, а бројките што до сега ги имаме покажуваат сериозно намалување на бројот на жртви во август 2021 година. За оние пак кои и понатаму не ги почитуваат законите, МВР продолжува со засилените контроли, а со нивното санкционирање да влијаеме и тие да ги почитуваат правилата и да ни се приклучат во целта-што е можно побезбеден сообраќај. Во текот на вчерашниот ден 490 возачи се казнети поради пребрзо возење, а од нив 61 на територија на СВР Велес. За возење под дејство на алкохол санкционирани се 148 возачи, од кои 40 на територија на СВР Велес“, соопшти Тони Ангеловски, портпарол на СВР Велес.

Содржината продолжува под рекламата

Министерството за внатрешни работи и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во изминатиот период  организираа сообраќајно едукативни активности во повеќе градови, на наплатните станици долж автопатиштата и на граничните премини на кои што возачите беа информирани и едуцирани за потребата од максимално, целосно и безусловно почитување на сообраќајните правила и прописи.

Пораките и советите кои МВР и РСБСП  од Велес  ги упатија до сите учесници во сообраќајот  се  пораки за  дисциплинирано, одговорно и пред сѐ безбедно учество во сообраќајот. Гордана Кожуваровска, претседател на РСБСП, апелираше до сите учесници во сообраќајот, да не го потценуваат заморот и крајот на летото затоа што температурите се уште високи, фрекфенцијата во сообраќајот се уште е  на високо ниво и потребна е максимална концентрација и внимателност во сообраќајот. 

„За своја лична безбедност, за безбедноста на своите најблиски и воопшто за севкупната безбедност во сообраќајот, почитувајте ги  сообраќајните правила и прописи,   правете чести паузи и возете одморени“-истакна Кожуваровска.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: