„Едно дете имам, ама ме закопа веќе“, вака таткото на еден од двајцата насилници кои претепаа девојка во Штип ја почнува својата приказна.
Новинарот на телевизија Клан Фуркан Салиу разговараше со таткото на едно од момчињата кои полицијата ги приведе поради насилство.
Јавноста ги виде како крвнички тепаат 20-годишна девојка и ја прашуваат дали е бремена. Тие и покрај тоа што не се сигурни за нејзината состојба, упорно ја клоцаат и шамараат.
Во еден дел од разговорот таткото вели можеби и таа е виновна.