(ВИДЕО СВЕДОШТВО) Еве што сведочат за земјотресот нашите иселеници кои живеат во Загреб

zemjotres Zagreb naslovna

Загреб утрово го погоди силен земјотрес. Се бројат штетите, се санираат ситни повреди. Засега нема информации за жртви. Тешко е повредено 15 годишно девојче, за кое првично беше објавено дека е мртво.

Zito akcija 640x289px

Жителите на Загреб сведочат дека доживеале страшно искуство. Велешанецот Стојанче Цоци Гочевски раскажува дека веднаш штом го почувствувал потресот, излегол од домот.

Agria

„Околу 6:20 го почувствував првиот и најјак земјотрес, кој траеше околу 15 секунди. Исплашени од силното тресење на брзина се облековме, а додека се облекувавме се случи уште еден, со помал интензитет. Излеговме надвор и речиси сите од околните куќи, растревожени и исплашени, веќе ги имаа напуштено своите домови. Во рок од половина час се случија уште два потреса, од кои вториот беше со појак интензитет. Јас живеам на квартот Јордановац, кај што има мали штети по куќите, а во центарот на градот има доста штета“, рече Гочевски.

Во продолжение погледнете го видеото и слушнете го сведоштвото на велешанката Моника Бошкова, која живее во Загреб.