Велес има ракометна иднина. Денес во рамките на второто коло од кадетската машка лига во салата „Гемиџии“ силите ги одмерија две локални екипи од Велес, Борец и Бисинов. Подобри беа ракометарите на Борец со резултат 34:29.
Содржината продолжува под рекламата
Дуелот тргна израмнето со реализација на нападите на двете страни. После воведните пет минути контролата на играта и резултатот ја презема Борец, и на полувреме се замина со 16:11. На почетокот на второто полувреме ракометарите н Бисинов успеаја да стигнат до минус три, но тоа беше се што сторија, па Борец рутински го доведе мечот до крај.
Содржината продолжува под рекламата
Најефикасен на теренот беше Илија Табаков од Борец со 13 погодоци, а голманот Велковски имаше 15 одбрани кај екипата на Бисинов, Ристовски Александар и Ристовски Панче постигнаа по шест погодоци.
Содржината продолжува под рекламата
Целиот натпревар помеѓу екипите на Борец и Бисинов може да го погледнете тука
Можеби ќе ве интересира: