Паузата во првенството поради одлуката за задолжително ПЦР трстирање пред секој натпревар, подобро го искористија фудбалерките на Борец совладувајќи ја екипата на Љуботен од Тетово со резултат 2:0.
Домаќините беа подобри во текот на целиот натпревар креирајќи многу шанси за гол, Само во првото полувреме имаа две стативи. Гостите од Тетово разочараа со играта со оглед на тоа што се на повисока позиција од Борец а и во нивните редови имаат три интернационалки.
Головите за Борец ги постигнаа Шемсовиќ во 75 минута, по одличниот продор на Босилкова, и Перчинковска во 83 минута по одличното додавање од Јавашева.
Црна дамка на натпреварот остави првиот човек на гостинскиот тим Драгољуб Јовановски, кој бурно реагираше на една судиска одлука, по што доби и црвен картон. Но тука не се заврши, по завршувањето на натпреварот тој продолжи да протестира па мораше да интервенира и полицијата.
Секој натпревар е важен и секој бод е пресуден за фудбалерките на Борец, бидејќи на крај на сезоната првите осум екипи остануваат во прволигашка конкуренција, додека останатите седум клуба ќе играат од наредна сезона во втора лига која ќе се игра за прв пат во историјата на женскиот фудбал.
Можеби ќе ве интересира: