(ВИДЕО) Велешаните Тони Андреев и Владимир Здравев со прекрасна преработка на „На местото на злосторот“ од Тоше Проески

toni andreev

13 години подоцна, Тони Андреев со својата маестрална изведба на големиот хит „Место на злосторот“, повторно не навраќа на местото каде се случи големата трагедија во која животот го изгуби нашата легенда Тоше Проески.

Zito akcija 640x289px

Тони вели дека ова е негова втора преработка на песна од Тоше, но планира да му стане традиција за никогаш да не се заборават делата кои зад себе ги остави нашата најголема легенда.

Agria

„Минатата година токму на овој ден ја објавив првата преработка на песна од нашиот Тоше и ветив дека ќе се потрудам да трае секоја секоја година за никогаш да не се заборават делата кои ги остави зад себе. Еве денеска токму на овој ден ја промовирам втората преработка, овој пат се работи за темата „Место на злосторот“ која остави голем белег врз сите нас и секогаш кога ќе ја слушнеме не потсеќа на големата трагедија. Тоше живее во нашите срца и тоа така ќе биде засекогаш“, вели Тони Андреев.

Комплетната преработка е дело на Андреев, но во проектот учествуваат и Владимир Здравев (клавијатура) и веќе докажаниот режисер Алек Тасевски кој се погрижи за видеото снимено во Ликовниот салон во Велес да изгледа автентично и оригинално.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: