(ВИДЕО) Велешкиот кајакар Кристијан Лазаров е шампион на Европски Куп во јуниорска категорија

Кристијан Лазаров од Кајак Кану Клуб Арка-Борец е шампион на Европскиот куп во спуст на диви води во јуниорска категорија кој овој викенд се одржа во спортскиот рекретивен центар Матка на реката Треска, додека во истата категорија на четвртото место се најде Благој Гугинов.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Нашата држава беше преставувана од сениорската репрезентација составена од четири натпреварувачи Љубомир Спасиќ, Александар Златаров, Кристијан Лазаров и Благој Гугинов сите членови на Кајак Кану Клуб Арка-Борец ВЕЛЕС. Покрај нив настапи и Атанас Николовски, кои сите заедно успеа да се пласираат во финалното возење.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Во сениори како четвртопласиран заврши Александар Златаров, веднаш зад него на петтото место се пласираше Љубомир Спасиќ на кои им недостасуваа 0.7 односно 0.82 за освојување на медал.

Следниот викенд репрезентативците ќе настапат на второ коло од Европскиот куп во Словенија.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/37648/borecz-basket-so-poraz-ja-zavrshi-sezonata/