Вчера во центарот на село Оризари, во соработака со патувачко кино МакеДокс, премиерно беше прикажан документарниот филм „Историјата на Оризари“.
Содржината продолжува под рекламата
Документарниот филм „Историјата на Оризари“ е долгогодишен проект на Здружението „Глас на Оризари“, кој содржи многу изјави од староседелци кои живееле на овие простори, како и сведоштва на постари граѓани кој се имаа доселено од Санџак.
Содржината продолжува под рекламата
Сценариото е на Семир Алимов, додека монтажата е на Елмин Каришиќ, продукцијата е на Здружението „Глас на Оризари“.
Можеби ќе ве интересира: