Стотина мигранти минатата ноќ поминаа низ Велес

migranti
migranti

Група од околу сто мигранти во два часот по полноќ помина по железничката пруга во центарот на Велес.

Zito akcija 640x289px

По дојава од граѓани, екипа на Батали.нет излезе на терен. Она што можеше да се забележи, беше вознемиреноста на мигрантите, кои во силен трк се упатија кон железничката станица во Велес, каде што се сокрија во старите вагони, кои стојат на пругата на станицата.

Agria

Освен пругата, мигрантите често го користат и автопатот Гевгелија – Скопје, но се превезуваат и со илегални трговци.

Бегалците се движат од југ кон север, односно кон границата со Србија, откаде се обидуваат да стигнат до земјите од западна Европа.

Пред месец и половина Батали.нет успеа да сними помала група на мигранти, кои транзитираа низ централното градско подрачје, низ железничката пруга.

Претходно, во март годинава, непосредно пред избивањето на епидемијата со коронавирус, екипата на ТВ24 успеа да сними репортажа со десетина мигранти кои попатно застанаа во дворот на хуманитарката Ленче Здравкин, која им пружи помош.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: