Хероин, кокаин и два пиштола се заплени македонската полиција во скопски Сингелиќ. Дрогата која е пронајдена била скриена во бункери, а приведено е едно лице.
„На 21.12.2020 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи по претходна судска наредба, извршија претрес во дом и други простории на Е.М. (27) од Синѓелиќ, Скопје за кој имало сознанија дека се занимава со купопродажба на хероин и кокаин на подрачјето на Скопје и во градови во источниот дел од државата“, велат од МВР.
При претресот се пронајдени и два пиштола со речиси 200 куршуми, а против лицето Е. М. ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство.
Министерството за внатрешни работи најави дека ќе продолжи со континуирани активности за сузбивање на нелегалната трговија со дрога, како и на другите видови криминал.
Можеби ќе ве интересира: