На овие избори ќе се соочите со историска одлука, да направите избор, кој не е само меѓу две политички партии, туку е избор за вашата иднина и за иднината на вашите деца, рече кандидатот за пратеник на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „Обнова“, Игор Здравковски, во своето последно обраќање до гласачите во оваа предизборна кампања.
„Велешани секогаш знаеле да направат и го правеле вистинскиот избор. Знам дека гемиџиската крв која што пулсира во вашите вени и во вените на секој горд Велешанец ќе ве насочи кон вистинската одлука и знам дека како достоинствени Македонци свесни сте дека како никогаш досега сме и потребни на Република Македонија. Затоа и на Република Македонија и е потребна обновата“, рече Здравковски.
Тој ги повика граѓаните да гласаат за ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „Обнова“, гарантирајќи им дека ќе работат, како што рече, повеќе и со цело срце посветени за подобра иднина на секој граѓанин.
Можеби ќе ве интересира: