Филмот „Стела“ во многу работи ќе биде пионер. Тоа е првиот македонски детски игран филм. Но, пионер е и според друга особина – тоа е првата еколошка или зелена продукција кај нас. Продуцентите од „Дрим фактори“ и целата екипа што работеше на филмот се потрудија што помалку да ја загадат природата, да не користат пластика, да го селектираат отпадот.
Содржината продолжува под рекламата
„Стела“ е целосно снимен на струја, без да се користи ниту еден агрегатор, кој работи на нафта или бензин. Притоа, екипата која го снимаше филмот со себе имаше стаклени пепелници, во кои се фрлаа отпушоците од цигари, се со цел да не се загади околината во која се снимаше.
Содржината продолжува под рекламата
Порталот Batali.NET и продукцијата Tulip Pro со поддршка на Интернационалниот институт за медиуми (IPI) и ЕУ програмата за иновации во медиумите ,,Media Innovation Europe” спроведоа проект за информирање на јавноста за придобивките од зелените решенија: енергетска ефикасност, урбана мобилност, иновации и обновливи извори на енергија. Корисни информации и стручни совети на едно место. Погледнете го поткастот со Стојан Вујичиќ режисер на филмот „Стела“, Dream Factory.
Можеби ќе ве интересира: