(ВИДЕО+ГАЛЕРИЈА) „Бог да не пази“ – молитва по велешките улици на свештеници од МПЦ

„Бог да не пази“, со ваква молитва свештениците од Повардарската епархија на МПЦ-ОА денеска низ улиците на Велес, Кавадарци, Неготино и Гевгелија одржаа литија за престанок на пандемијата од коронавирус.

Zito akcija 640x289px

Качени на возила и со звуците на црковна музика, свештениците ги попрскуваа улиците.

Agria

„Следејќи ја традицијата на Светата Православна Црква, кога за време на војни, суша, земјотреси, епидемии и други несреќи, во минатото биле спроведувани литии со икони, крстови, света вода и свети мошти, со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел, денес, во сите градови и населени места од Повардарската епархија со света вода беа попрскани улиците, беше прочитана молитва и беше побарано благослов од Бога за престанок на глобалната пандемија и на погубната зараза. Следејќи ги препораките од државните органи, за да не се собира голем број на народ, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, благослови овој чин свештенството да го отслужи во движење, со помош на возила, што е редовна пракса при вакви вонредни состојби и во други држави и помесни Православни цркви“, пишува на официјалната веб страница на Повардарската епархија.

Видеото од литијата можете да го погледнете тука, а галеријата со фотографии, разгледајте ја на нашиот Facebook Fan Page.