Интересна ноќ во НБА лигата во која беа одиграни седум натпревари.
Српскиот кошаркар Никола Јокиќ одигра нова извонредна партија во победата на Денвер против Јута со 115-110 во еден од синоќешните натпревари во НБА лигата.
Јокиќ реализираше „трипл-дабл“ со 31 поен, 12 скока и 14 асистенции водејќи го својот тим до победата.
Победа запиша и Портланд над Минесота со 124-118, предводен од Лилард со 36 поени, три скока и осум асистенции. Јусуф Нуркиќ дуелот го заврши со 8 поени, 15 скока и две асистенции. Во редовите на Минесота се издвои Едвардс со 26 поени, шест скока и седум асистенции.
Голден стејт беше подобар од Бостон со 123-107 на крилјата на Томпсон кој постигна 34 поени.
Во натпревар со огромен број поени Чикаго славеше против Далас со 144-115, а брилјираше Де Розан со 28 поени, девет скока и пет асистенции. За Далас не настапи Лука Дончиќ.
Кливленд на домашен терен беше подобар од Оклахома со 110-102.
Расположениот Џорџ со 36 поени, седум скока и шест асистенции го водеше ЛА Клиперс до триумф против Вашингтон со 107-114.
Возбудлив меч одиграа и Бруклин и Индијана во кој Бруклин славеше со 133-136 на крилијата на Томас кој постигна 33 поени. Кај Индијана прво име беше Халибартон со 35 поени и девет асистенции.
Можеби ќе ве интересира: