Невреме со силен ветар денес околу 13 часот го зафати градот Делчево. Ветарот успеа да откорне неколку лимени покриви меѓу кои и на една од зградите во центарот на градот.
Ветар со сличен интензитет го зафати целиот регион, поради што повеќе места, како и Македонска Каменица останаа без снабдување со електрична енергија.
Регионалниот пат Македонска Каменица е со камени одрони на повеќе места, а не е мал бројот и на паднати поголеми гранки од крошните на дрвјата што се наоѓаат покрај самиот коловоз. За возачите се препорачува внимателно возење на овој патен правец.
Во моментот на паѓањето на покривот немаше случајни минувачи и автомобили освен еден граѓанин кој во тој момент поминувал од спротивната страна спрема зградата каде падна лимениот покрив.
Поради врнежите од дождот во моментот ветрот стивна и е со послаб интензитет. Освен паднатите лимови од кровните конструкции од сикниот ветар настрадаа и поцеќе кабли поставени на пониските бандери како и ќерамиди на куќите од повисоките делови на градот.
Извор:Делчево365