(ВИДЕО) Тензии пред училиштето Панче Караѓозов во Скопје

mkd-219233
mkd-219233

Поголема група на родители и ученици се собраа на протест пред влезот на средното училиште „Панче Караѓозов“ во Скопје. Тие негодуваат затоа што им соопштиле дека поради големиот интерес, полуматурантите ќе треба да полагаат приемен испит за влез во медицинска паралелка.

Zito akcija 640x289px

Се туркаа на вратата, довикуваа и бараа прием кај директорот на училиштето. Родителите бараат наместо квалификационен тест да отворат уште една паралелка за насоката медицинска сестра, за да можат да се запишат сите.

Agria

Во три скопски средни училишта со здравствена струка, денеска од 10 часот требаше да биде организирано квалификациско тестирање за ученици – полуматуранти, кои конкурирале за насока медицинска сестра. Тестирањето е по предметите билогија и хемија, а од резултатите ќе зависи кои ученици ќе бидат примени во прва година во 2020/2021 зашто има повеќе кандидати со максимални, 75 бодови, отколку што се предвидени слободни места во Конкурсот на Министерството за образование и наука.

Биологија и хемија во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“ во Скопје треба да полагаат 166 учениците кои се пријавиле за настава на албански јазик на насоката „медицинска сестра“, сите со просек 5.00. Место, според конкурсот, има за 102 ученика во три паралелки.

Како што велат за Радио МОФ, со протестот бараат, наместо испит, да се отвори уште една, дополнителна паралелка за отсекот „медицински сестри“, во која ќе бидат примени сите ученици, по примерот на скопската гимназија „Орце Николов“.

Дел од родителите влегоа во училиштето за да разговараат со одговорните.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: