Денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно, од пладневните часови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
На места процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења и услови за појава на град, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 21 до 30 степени.
Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 28 степени.
Во текот на утрешниот ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време, претпладне со почести сончеви периоди, околу пладне и попладне со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град.
Во понеделник ќе дува засилен северен ветер, а од вторник ќе има пораст на дневната температура.
Можеби ќе ве интересира: