Викендов, после еден месец пауза започнува пролетниот дел од Втората кошаркарска лига. Кошаркарите на Борец Баскет ќе гостуваат кај лидерот на табелата, соствот на Ангели.
На првиот натпревар, скопскиот состав беше подобар во Велес совладувајќи го Борец Баскет со 90:86. Велешани ќе имаат добра можност да им се реваншираат на скопјани и да се изедначат на табелата.
По првиот дел екипата на Борец Баскет се наоѓа на делба на третата позиција со Маџари и Црн Дрим со скор од 8 победи и 3 порази.