Фудбалерките на Борец се поразени со високи 6:1 од екипата на Каменица Саса во рамките на 13 коло од Првата женска фудбалска лига.
На тешкиот терен во Македонска Каменица, домаќинките целосно ги надиграа велешанки и ги испратија со шест погодоци во мрежата. Антониа Шопоска и Пејтон Чик постигнаа по два гола, а Ана Димитровска и Ленче Андреевска беа стрелци за Каменица Саса. Гостинките од Велес преку Перчинковска на пет минути пред крајот го постигнаа почесниот погодок.
Содржината продолжува под рекламата
По ова 13 коло велешанки се наоѓаат на петтото место со 24 бода, осум помалку од актуелниот лидер Љуботен кој има 32 бода.
Можеби ќе ве интересира: