Високите бројки на новозаразени од ковид 19 станаа секојдневие, денес нови 1168 позитивни случаи

Veles most
Veles most

Нови 36 велешани се позитивни на ковид 19, информира Министерството за здравство, со што бројката на активни случаи во Велес се искачи на 742.

Zito akcija 640x289px

Во последните 24 часа регистрирани се 1168 нови случаи на ковид-19 во:

Agria

Скопје-513, Куманово-68,  Дебар-6, Штип-27, Прилеп-77, Тетово-65, Струга-40, Велес-36, Битола-58, Охрид-25, Кавадарци-29, Гостивар-30, Гевгелија-5, Струмица-33, Крива Паланка-5, Радовиш-7, Крушево-3, Кочани-19, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Македонски Брод-3, Пехчево-3, Берово-3,  Валандово-6, Виница-5, Делчево-3,  Кратово-11, Свети Николе-33, Кичево-42, Ресен-4, Неготино-7.  

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 692 оздравени пациенти, починати се 18 лица, пет пациенти од Скопје (61, 69, 67, 77 и 84г), двајца од Куманово (66 и 80г), еден пациент од Штип (54г), еден од Тетово (73г), двајца од Битола (82 и 73г), еден од Охрид (84г), четири пациенти од Гостивар (78, 76, 78 и 66г), еден од Струмица (55г) и еден пациент од Кратово (74г). Од нив еден пациент е починат вон, останатите се починати во болнички услови. 

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 46062, бројката на оздравени пациенти е 26981, на починати е 1281, а бројот на активни случаи изнесува 17800.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: