Владата ги замрзна цените на тестенините и млечните производи

Mleko na raftovi

Макароните, шпагетите, сирењето, млекото, урдата, киселото млеко, јогуртот се само дел од производите коишто од 16 март ќе можат да се набават во маркетите за цена пониска во просек по 8 денари. Владата донесе две одлуки за замрзнување на цените на тестенините и млечните производи, како и за укинување на царинските давачки за увоз на шпагети и макарони, кои слабо или воопшто не се произведуваат во земјата. Одлуките ќе важат до 31 мај годинава. 

Zito akcija 640x289px

Анализите покажуваат дека со оваа одлука цените ќе се намалат во просек од 10 до 15 отсто од цената која била во трговијата на мало, односно на рафтовите во продавниците, на 1 март. Со двете одлуки на владата се опфатени шпагеите и макароните чии и на кравјото млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5 %, урдата, кравјото бело сирење и кашкавал, мешаното сирење, јогуртот и киселото млеко.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Замрзнувањето на цените можно е да се прошири на други продукти. До крајот на неделата ќе се анализираат цените на белиот шеќер, јајцата од кокошка и домашниот ориз и доколку е потребно ќе се интеренира со истата мерка и за овие производи.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: