Владата го повика СОНК да прифати 10 % покачување, од СОНК велат дека утре ќе го анализираат предлогот

zgrada na vlada na rsm
zgrada na vlada na rsm

Владата денеска на седница ги задолжила министерствата за образование и наука, зa труд и социјална политика и за финансии со ребалансот на Буџетот да предвидат средства за зголемување на платите на вработените во образованието и градинките за 10 отсто.

Zito akcija 640x289px

Од Владата го повикуваат Самостојниот синдикат за образование, наука и култура да го прифати ова покачување и, како што посочуваат, во интерес на децата да продолжи образовниот и згрижувачкиот процес.

Agria

Од друга страна, СОНК очекува да ги добие денешните заклучоци на Владата а во врска со генералниот штрајк на вработените во детските градинки, основните и средни училишта.

Советот на СОНК во текот на утрешниот ден ќе одржи седница на која што детално ќе го проанализираат ставот на Владата и ќе се произнесе по него. Дотогаш, односно додека членовите на СОНК не се произнесат поинаку, штрајкот продолжува, објави на својот фејбук-профил претседателот на СОНК, Јаким Неделков.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: