Без договор завршија синоќа преговорите помеѓу СОНК и Владата за зголемување на платите во образванието.
„Немаме краткорочно решение со кое сега и веднаш ќе се зголемат платите во образованието за онолку колку што бараме – 18,4 проценти. Не добивме никакви бројки, проценти на маса, така што сме разочарани“, рече Јаким Неделков по средбата во Владата. На 11 април нема да работат основните и средните училишта, како и градинките.
Содржината продолжува под рекламата
Министерката за труд и социјална работа претходно изјави дека легитимно право е секој да може да штрајкува, но во делот на детската заштита таа истакна дека децата мора да бидат згрижени и според Уставот и според законот. Таа предупреди дека доколку децата не бидат згрижени, Законот за детската заштита предвидува казни.
Можеби ќе ве интересира: