Владата одобри законско решение за репрограмирање на кредитните услови за заемот за гасификација

vlada
vlada

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница го одобри предлогот на Министерството за финансии за репрограмирање на кредитни услови на АД „НАЦИОНАЛНИ ЕНЕРГЕТСКИ РЕСУРСИ” Скопје во државна сопственост, во однос на заемот за финансирање на проектот „Гасификација на Република Северна Македонија”, добиен од Дојче банка и Ерсте банка, пренесува порталот Локално.

Согласно оваа одлука, Министерството за финансии е задолжено на утрешната седница на Владата да достави законско решение со новите кредитни услови за предвиденото репрограмирање и откако ќе биде утврдено на владината седница, да биде испратено до Собранието на усвојување.

Agria

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: