Владата со препораки за топлотниот бран

veles juli 2024
veles juli 2024

Владата на денешната седница донесе препораки според кои, од утре до следниот четврток, 18 јули, бремените жени и лицата на возраст над 60 години се ослободени од работните обврски, децата во градинките не смеат да имаат физички активности и да се изнесуваат на отворено од 11 до 17 часот, приватниот сектор треба да го организира работното време со цел заштита од директна сончева изложеност на работниците, а се препорачува и избегнување престој на отворено од 11:00 до 17:00 часот.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран, да им даваат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат дека од денеска до средината на следната седмица на повеќе места ќе биде активирано портокаловото ниво за опасност од високи температури. Исклучок ќе има в недела, кога, според синоптичарите, во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: