30 years Kozuvcanka Web Banner_600x200

Владимир Глигоров повеќе не е тренер на Фруитленд Борец

Vladimir Gligorov

Велешкиот ракометен суперлигаш, Фруитленд Борец ќе направи тренерска смена и во следниот период ќе добие нов предводник. Досегашниот тренер Владимир Глигоров и управата на клубот се договорија за прекин на соработкатa, а неговата смена доаѓа после мечот со Прилеп, откако Фруитленд водеше 10 разлика на 9 минути пред крајот, а Глигоров ја смени цела постава, по што домашните едвај спасија бод.

Zito akcija 640x289px

Клубот преку официјално соопштение на својата фејсбук страна ја соопшти веста за смената.

Agria

„Сакаме да Ве известиме дека заврши соработката со нашиот тренер Владимир Глигоров. Наредниот ден после натпреварот со РК Прилеп имавме состанок со Владимир каде што он го образложи своето разочарување од конечниот исход на самиот натпревар. Од морални причини побара од нас да ја прекинеме соработката на што ние имавме разбирање. Едно големо ти БЛАГОДАРИМЕ од срце!!! Дојде во нашиот тим кога нашите резултати и не беа така добри како и играта. Несебично работеше во подигнување на формата и играта на нашиот тим. На полусезона направи одличен избор на играчи. Ни остави екипа конкуретна за опстанок и покажа дека екипата може да се носи и со екипи кои се долго во Супер лига и имаат подобар рејтинг од РК Фруитленд Борец . Пред се беше борец и покажа голема храброст давајќи им шанса на младите играчи. Твоето искуство и несебична ангажираност го подигна клубот на повисоко ниво. Ти поскуваме се најдобро во твојата понатамошна кариера и се надеваме дека големите клубови ќе ја препознаат твојата стручност како тренер и ќе добиеш соодветен ангажман каков што заслужуваш. Уште еднаш ти БЛАГОДАРИМЕ и секогаш ќе останеш наш пријател“, стои во клубското соопштение.

Глигоров дојде на клупата на Фруитленд Борец пред пет месеци на местото на Ивица Илиев, кој ја извршуваше функцијата играч-тренер од стартот на сезоната и имаше скор од една победа, четири нерешени натпревари и деvет порази. Се очекува клубот да назначи нов шеф на стручниот штаб во текот на деновиве.

 

 

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: