Властите во Турција му определија 40 дена притвор на Палевски, кој е осомничен за убиствата на Вања и Панче од Велес

Palco
Palco

Министерството за правда попладнево соопшти дека на Љупчо Палевски, осомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, кој беше уапсен во Баликесир, Турција, му е определен екстрадициски притвор во траење од 40 дена.

Zito akcija 640x289px

„Амбасадата на РСМ во Анкара испрати допис до Министерството за правда во кој информира дека ни доставува добиена Нота од МНР на Република Турција, како одговор на Нотата доставена од Амбасадата на РСМ во Анкара од 6 декември 2023 година, со која информираат дека врз основа на дописот добиен од Канцеларијата на главниот јавен обвинител Баликесир, определен е екстрадициски притвор за Љупчо Палевски, во траење од 40 дена“, се наведува во соопштението од Министерството за правда. 

Agria

По двојното убиство, на 30 ноември 2023 година Палевски избега прво во Србија до каде го однел неговиот адвокат по што неговиот сопартиец Стефан Димковски кој е во притвор во Македонија го презел и преку Бугарија го однел во Турција. 

Според официјалните информации, телата на убиените Вања Ѓорчевска од Скопје и Панче Жежовски од Велес беа пронајдени на 3 декември годинава. Според првичните информации на полицијата и Ѓорчевска и Жежеовски биле убиени на денот на грабувањето. Малолетната Ѓорчевска на 27 ноември, а Жежовски пет дена порано на 22 ноември.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: