Опозициската ВМРО ДППМНЕ вечерва ќе организира протест и во Велес поради, како што стои во нивното соопштение, криминалот и корупцијата на власта кои се сериозни проблеми со кои се соочува државата, а вмешаноста во корупциски скандали и афери на луѓе од власта и блиски до Заев стана нормалност.
„СДСМ и Заев мора да заминат на темната страна на историјата, а Македонија мора да биде правна држава во која ќе владеат законите подеднакво за сите, велат од ВМРО ДПМНЕ.
Протестот ќе започне од паркингот пред маркетот „Кит Го“, ќе продолжи кон касарната, каде што, кај споменикот на Панко Брашнаров ќе сврти лево и ќе продолжи по улица „Благој Ѓорев“, се до кружниот тек во центар. Колоната ќе се врати назад по улицата позади судот, па преку улица „Алексо Демниевски“, ќе заврши пред зградата на Општина Велес.
Од партијата ги повикуваат сите граѓани да им се приклучат на протестите. Покрај Велес, протеси се најавени и во Скопје, Охрид, Куманово, Прилеп, Штип, Битола.
Можеби ќе ве интересира: