ВМРО ДПМНЕ обвинува за изборно прекршување, Општина Велес вели – граѓаните сами си бетонираат улица

Кој и како бетонира улица во населба Тунел, во близина на игралиштето? Од ВМРО ДПМНЕ обвинија дека власта го крши изборниот законик и во време на изборна кампања, општината изведувала градежни активности. Од Општина Велес ваквите обвинувања ги оценија како шпекулации и невистини и велат дека општината не гради ништо.

Zito akcija 640x289px

Од ВМРО ДПМНЕ велат дека власта четири години не мрднала со прст и не реконструирала ниту една улица, во населба Тунел, па решила сега, на заминување, во екот на изборната кампања, да гради и поправа.


Содржната продолжува под рекламата

Agria

„За нас, а верувам и за останатите жители во оваа област, ова бетонирање е крајно сомнително. Па затоа прашуваме: Дали со реконструкцијата на оваа улица се врши обид за поткуп на гласови на граѓаните кои живеат во овој дел? Дали има изведувач на градежните работи и доколку има кој е? Дали СДСМ го крши изборниот законик со градење за време на избори? За да се отстрани цела оваа недоумица, ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе претставка до антикорупциска комисија и државната изборна комисија за детално да го проверат случајот“, рече Весна Атанасовска, кандидат за советник на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.

Содржната продолжува под рекламата

Градоначалникот на Велес Аце Коцевски вели дека граѓаните од оваа улица уште пред неколку месеци од општината побарале и добиле градежен материјал, а се обврзале сами да си обезбедат работна рака за реконструкција.

„Како шпекулации и невистини ги сметам денешните обвинувања изнесени на денешната прес конференцијата на ОК на ВМРО ДПМНЕ Велес. Вистина е само дека општина Велес, од соодветна ставка во Програмата за уредување градежно земјиште, на жителите од таа уличка, по нивно уредно поднесено барање, пред повеќе месеци, далеку пред започнување на изборните рокови, им има доделено градежен материјал: цемент, чакал и мрежеста арматура, за тие сами, со сопствена работна рака да го реконструираат тој дел од уличката. Општина Велес, на никаков друг начин не е вмешана во работата. За тоа која фирма работела и под кои услови треба да ги прашате жителите од уличката“, рече Аце Коцевски, градоначалник на Велес.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/24131/onlajn-peticzija-za-osloboduvane-na-veleshankata-shto-go-ubi-policzaeczot/