Опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение ги обвини Венко Филипче и Зоран Заев за тотално фијаско со справување со коронавирусот во нашата земја.
Ако Венко Филипче и Зоран Заев велат дека сме ја победиле заразата и дека вирусот слабее, зошто тогаш го држат народот затворен три дена, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ откако Венко Филипче на прес конференција рече дека вирусот слабее и дека новите случаи се шират во веќе познати кластери.
“Се случува тотално фијаско во справување со кризата произлезена со коронавирусот.Бројката на новозаболени со ковид 19 енормно се зголемува а власта нема никаква стратегија. Додека луѓе умираат секојдневно Заев и Венко ни велат дека не умираат. Според нив вирусот слабее” велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму велат дека требало да има скрининг и масовно тестирање, меѓу кои и здраствени работници што се докажува и со бројката на новозаразени работници.