
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ одговарајќи на новинарски прашања во Тетово, рече дека во Тетово неговата партија уште во првиот круг ќе го поддржат кандидатот за градоначалник на Алијанса за Албанците и Алтернатива, како и дека очекува советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ да освои рекорден број советници.
„Уште во првиот круг ВМРО ДПМНЕ ќе го поддржи кандидатот на Алијанса за Албанците и Алтернатива овде во Тетово, а советничката листа која ја има ВМРО ДПМНЕ очекуваме да освои рекорден број советници. Нашата цел заедно со Алијанса за Албанците и Алтернатива е онаму каде што уште во првиот круг ќе се поддржиме да ги поразиме овие криминални политики на коалицијата на власт предводена од СДСМ и ДУИ, рече Мицкоски.
Содржината продолжува под рекламата
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пак, претходно ги обвини лидерите на најголемите опозициски партии, Христијан Мицкоски и Зијадин Села, за политикантство во случајот со трагедијата во Тетово и им порача дека за да дојдат на власт, прво тоа треба да го заслужат тоа.
Можеби ќе ве интересира:
