ВМРО ДПМНЕ: Во Велес победивме со 1200 разлика СДСМ: Разликата е 845 гласа

vmro sdsm1
vmro sdsm1

Во недостиг на официјални резултати од вчерашните избори од ДИК, чиј веб сајт не работи од синоќа, партиските штабови излегуваат со број на гласови, по нивното пребројување.

Zito akcija 640x289px

ВМРО ДПМНЕ тврди дека според нивните податоци, во Велес го победиле СДСМ со разлика од 1206 гласа. Ова се резултатите според партискиот штаб на опозициската партија:

Agria

ВМРО ДПМНЕ – 10385, СДСМ – 9179, Левица – 2139, ДУИ – 1119, Итегра – 332, Алијанса за албанците/Алтернатива – 247, ГДУ – 113, ППД – 104, МОРО – 88, Глас за Македонија – 56, СДУ – 54, Единствена Македонија – 37, ДПА – 22, Неважечки гласачки ливчиња – 668.

Иако побаравме, до овој момент од СДСМ се уште не сме добиле број на гласови по партии од нивниот аналитички центар. Оттаму ни рекоа дека според нивните резултати, разликата помеѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ е 845 гласови во корист на опозицијата. Сепак, оттаму потенцираа дека не им се обработени сите избирачки места.

На последните претседателски избори кои се одржија лани, ВМРО ДПМНЕ во Велес го победи СДСМ со околу 2800 гласови разлика.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: