Албанија ги отвори своите граници за туристи без никакви услови поради пандемијата од коронавирусот.
Преку соопштение, Министерството за надворешни работи прецизира дека негативен тест за коронавирус, или какви било други посебни документи, нема да бидат потребни за влез во Албанија.
Министерството вели дека границите на Албанија ќе бидат отворени за сите албански и странски државјани за време на туристичката сезона.
Од 1 јуни веќе не е задолжително да се носат маски надвор, додека тие ќе продолжат да се носат во затворени простории и на места каде што не е можно да се одржува социјална дистанца.
Времето на полициски час е скратено и сега трае од 23 до 6 часот наутро.
Одлучено е и дека од 15 јуни ќе биде дозволено собирање до 15 наместо до 10 лица, а од 1 јули се планира уште повеќе да се скрати полицискиот час, односно да биде од 24 до 6 наутро, како и сите спортски и културни настани отворени за јавност до 30 проценти.
Можеби ќе ве интересира: