Во Босна и Херцеговина се воведува полициски час

Bosna policiski cas
Bosna policiski cas

БиХ од утре воведува мерки за ограничување на движењето во текот на ноќта и забрана за собирање на повеќе од 30 лица со цел да се обиде да спречи ширење на инфекција со коронавирус, потврди кризниот штаб на Министерството за здравство.

Помошникот министер Горан Черкез на прес-конференција во Сараево изјави дека биле принудени на поостри мерки, бидејќи ситуацијата станува посериозна и досега не се почитуваат ограничувањата, додека локалните власти, вклучително и полицијата, не презедоа ништо за да ја санкционираат.

Agria

Повеќе од 17 000 активни случаи се моментално регистрирани во БиХ. Во изминатите две недели се забележани бројни предизборни митинзи со стотици учесници, а полицијата и инспекциите не интервенирале во ниту еден од овие случаи за кршење на ограничувачките мерки.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: