Ракометарите на Борец врзаа две победи по ред во Првата ракометна лига Група А и со тоа ги вратија шансите за пласман во плеј офот. Во салата Гемиџии денес тие беа подобри од екипата на Партизан 2016 Спорт од Гевгелија со резултат 35:33.
Уште од самиот старт на натпреварот домаќините го имаа водството, кое на моменти изнесуваше и пет голови разлика, но мало опуштање пред крајот на првиот дел придонесе да се замине на одмор со само два гола разлика 16:14.
Содржината продолжува под рекламата
Во вториот дел продолжи лежерната игра на велешани, а браќата Узунчеви беа нерешлива енигма за одбраната на Борец. Во 45 минута гостите од Гевгелија имаа и водство од два гола разлика. Тренерот на Борец Игор Тодоровски со „фластер“ на Тодор Узунчев, успеа да го запре налетот на гостите, а со тоа и да го врати водството за конечни 35:33.
Содржината продолжува под рекламата
Најефикасен кај Борец беше Табаков со постигнати 10 погодоци, а кај гостите браќата Узунчеви комбинираа заедно 25 гола. Следното коло Борец е слободен.
Можеби ќе ве интересира: