Грција денес стави во карантин уште еден камп за мигранти, откако на еден од мигрантите му е дијагностициран вирусот КОВИД 19, објави Министерството за миграција.
Станува збор за Авганистанец кој живее со своето семејство во камп Малакаса, заедно со стотици други мигранти и баратели на азил.
Тој бил пренесен во болница во Атина, а здравствените власти продолжуваат да ги тестираат сите што имале контакт со него. Јавната здравствена агенција ќе се обиде да го открие движењето на вирусот.
Пред неколку дена грчките власти го статија во карантин и карантинзираат мигрантскиот логор Ритсон, откако 20 баратели на азил беа позитивни на „КОВИД 19“.
Кампот Малакаса се наоѓа на 40 километри северо-источно од Атина и ќе биде ставен во карантин две недели.
Грција беше главна влезна точка за повеќе од еден милион луѓе за време на мигрантскиот бран 2015 година. Низ целата земја, околу 110,000 живеат во кампови за мигранти и центри за баратели на азил.
Засега нема пријавени случаи на зараза во камповите ште се наоѓаат на островите, но хуманитарните организации ја повикуваат Атина да ги евакуира тие луѓе, затоа што во случај на појава на зараза, би било невозможно да се спречи ширењето на коронавирусот, поради тешки услови во камповите.
Првиот случај на коронавирус во Грција беше регистриран кон крајот на февруари. Оттогаш, потврдени се 1673 случаи. Досега починаа 68 лица.