Полицијата вчера продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На 28.03.2021 во периодот од 12.00 до 18.00 часот на
подрачјето на Одделенијата за внатрешни работи Кавадарци и Неготино спроведена е акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната.
Притоа биле регистрирани 33 прекршоци, од кои 12 во Кавадарци и 21
во Неготино, кои ке бидат санкционирани со соодветни пријави.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Можеби ќе ве интересира: