Во последните 24 часа во Велес се регистрирани три нови случаи на заразени од коронавирусот, а вкупно 111 на целата територија на Македонија, од направени 854 тестирања, објави министерот за здравство Венко Филипче.
На клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти од Струга и од Прилеп, а институтот за јавно здравје регистрира вкупно шест оздравени пациенти.