Во сабота протест на ВМРО-ДПМНЕ под мотото „Здравје, а не провизии“

VMRO-DPMNE i Mickoski protest

Под мотото „Здравје, а не провизии“ градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во сабота ќе организира протест со почеток во 11.30 часот пред Министерството за здравство.

Zito akcija 640x289px

Ова ќе биде втор сличен протест откако минатата сабота сабота, протестираше Унијата на жени.

Agria

„3.500 починати поради корона. Провизии за вакцини преку фантом фирми, а вакцини нема. Сведоштва за тоа дека пациенти умираат, а кислород нема. Болниците не можат да одговорат за потребите на сите пациенти, докторите го даваат максимумот, но министерот не. Денес починаа 25 луѓе. Овие животи можеа да бидат спасени, доколку министерот за здравство Филипче обезбедеше вакцини. Имаме полициски час кој е воведен како алиби дека се прави нешто, но резултати нема. Главниот проблем е што немаме систем, а имаме скандали. Системот не функционира затоа што Министерството за здравство има помешани приоритети“, се вели во известувањето за протестот.

Министерот за здравство Филипче, во изјава за медиумите и порача на опозиција дека со организирање протести и собири во време на нов бран на епидемијата, се однесуваат непримерно и го омаловажуваат трудот на здравствените работници.

„Го гледаме однесувањето на опозицијата, едно непримерно однесува кое е за голема осуда. Собрани, протестираат, викаат со транспаретни во моменти кога се соочуваме со најголемата криза во историјата на човештвото, во нашата земја, посебно во делот на здравство тие го омаловажуваат и се потсмеваат со трудот на здравствените работници кои деноноќно работат. Овој начин на однесување кој што е срамен – блокади на сето тоа што правиме во изминатиот период за жал морам констатирам продолжува и сега“, рече министерот Венко Филипче.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/19424/sostojbata-so-kovid-19-vo-gradot-e-seriozna-ushte-eden-pochinat-paczient-vo-poslednoto-denonokie/