Вчера во Скопје официјално беше отворено Балканското првенство во борење за младински категории. На овој престижен спортски настан што се одржува во Арената „Борис Трајковски“ во Скопје се собраа најголемите таленти во регионот, во машка и во женска конкуренција.
Содржината продолжува под рекламата
Вкупно 515 борачи од Македонија, Србија, Косово, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Молдавија и Романија ќе земат учество на Балканското првенство во борење за млади категории.
Содржината продолжува под рекламата
И Велес има преставник на ова Балканско првенство. Младиот борач на БК Борец, Аце Јовановски ја претставува Македонија на Балканското првенство во У-15, У-17 и У-21, во категорија до 55 килограми. Од Боречкиот клуб очекуваат Јовановски достојно да ја престави државата и клубот на ова првенство.
Можеби ќе ве интересира: