Во Словенија, 707 нови случаи на коронавирус

Bosna korona
Bosna korona

Во Словенија регистрирани се дури 707 нови позитивни случаи на коронавирус во последните 24 часа, потврди словенечката влада денес.

Zito akcija 640x289px

Станува збор за нов рекорд, откако најголемиот број на дневни регистрирани случаи на крајот на неделава беше 398. Потврдени се 707 нови инфекции вчера на 4902 тестирани лица, а две заразени лица починале.

Agria

Новиот број на заразени ги исполнува сите услови за воведување на најстроги мерки од претпоследната, таканаречена портокалова фаза, што треба да го ограничи ширењето на вирусот и неговиот експоненцијален раст. Во спротивно, владата повторно ќе ја прогласи епидемијата и ќе воведе рестриктивни мерки слични на оние во првиот пролетен бран.

Така, кризниот штаб предлага пакет мерки кои предвидува карантин на одредени општини, со оглед на бројот на заразени, забрана за посета на болници и здравствени установи, затворање на барови, фитнес центри и спортски објекти за аматери и групни спортови, правило дека може да има само еден присутен во фризерскиот салон, откажување настани, верски церемонии и свадби во одредени региони и затворање на непотребни здравствени и стоматолошки активности.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: