Според последните податоци од денеска во Словенија починале 45 лица од ковид-19, со што вкупната бројка на жртви се искачи на 1.592. Потврдени се нови 1.772 инфекции од 6.604 тестирања. Моментално има активни 20.277 случаи.
Од почетокот на пандемијата во Словенија, потврдени се вкупно 81 338 инфекции со коронавирус, од кои 20 277 се моментално активни, објави Министерството за здравство.
Словенечката влада попладнево на седница ќе донесе одлука за анти-епидемиски мерки кои се во сила веќе пет недели и можно олеснување на некои мерки, но епидемиолозите и министерот за здравство Томаз Гантар вчера изјавија дека нема да препорачаат пошироко олеснување на состојбата со ковид-19, бидејќи состојбата е сеуште алармантна.
Можеби ќе ве интересира: